Лажна закана за бомба во Охрид од меил адреса „Исис Балкан“

Прва дојава за поставена бомба во училиште во Охрид,утрината во 07.06 минути на електронската адреса на општинскиот електро-машински училиштен центар “Св.Наум Охридски “стигнала порака со заканувачка содржина дека во објектот е поставена бомба која може да екслодира во текот на денот. Пораката е испратена од e-mail адреса Isis Balkan.

По закон е забрането било какво верско, политичко делување тука не би можел да кажам која е позадината и зошто е тоа така, јас можам само да кажам дека навистина чувството не е пријатно кај било кој прво кај мене и кај ученици, вработени. комплетно во центарот.Во секој случај апелирам што е можно побрзо да се откријат сопствениците на овие e-mail адреси,да се санкционира што е можно побрзо за да може да фунционира воопшто цела држава како што треба.

Веднаш биле информирани сите надлежни институции а учениците кои веќе биле на првиот час кога стигнала дојава за бомба како и сите вработени биле евакуирани. 

Часот е десет, училиниците се празни, во холот нема никој.Учениците доаѓаат да си ги земат ташните и ранците кои во паника и страв ги оставиле во училишните клупи кога стигнала дојавата за бомба.Директорот вели дека сепак наставата во втора смена ќе се одржи.

По извршените антитероистички проверки костантирано е дека дојавата за бомба е лажна. Инаку средното училиште “Св. Наум Охридски“ се наоѓа на излезот од Охрид,во населена средина, а непосредно има и индустриска зона. За потсетување вчера освен во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово, дојава за бомба имаше и во училиштетот во струшкото село Подгорци. Изминува и третиот месец откако дојавите за бомби ги реметат учениците, родителите и целиот обрзовен систем,а сторителите никако да се откријат.

Росица Голабоска

Advertisements