});

Лавров: САД ги поткопуваат напорите во сите процеси

САД ги поткопуваат напорите да се постигнат меѓународни договори во врска со Блискиот исток, Иран, климата и трговијата, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на маргините на Генералното собрание на ОН.

Лавров истакна и дека Москва ќе направи „се што е можно“ меѓународниот нуклеарен договор на големите сили со Иран да биде зачуван, и покрај повлекувањето на САД од договорт во мај.

Лавров во седиштето на ОН соопшти и дека Москва почнала со испорака на ракетниот систем С-300 на Сирија и ги критикуваше западните сили дека ги поткопуваат напорите на ОН за ставање крај на седумгодишниот конфликт во Сирија.