Кучињата – скитници вечен проблем во Тетово

Бездомните кучиња се и дневна и ноќна мора на тетовци, бидејќи ги има премногу низ градските улици и често напаѓаат. Жителите, а особено жените и децата, планираат кога и како да излезат од дома за да не дојдат во опасност од агресивните кучиња. 

АНКЕТА:

-Повеќе има кучиња отколку што има луѓе по улициве. Дојдени се овде, само прават проблеми. Од кантите вадат отпад, растураат. 

-На секое коше ги има низ град и се загрозени луѓе поготово жени и деца. Што треба не знам ни ја. Ги носат ги пуштат и после тие се размножуват. 

-Мојата ќерка е касната од кучиња скитници, концентрирани околу болницата се, луѓево едноставно се плашат да одат рано на работа, мора да одат со придружба.

Минатато раководството на Општината во двата мандати или осум години по ред ги третираше бездомните кучиња со тендери. Односно колку пари имаше за ветеринарите, толку работеа на терен, без отстранување од улиците.

Сегашниот градоначалник најавува дека нема да ја прави истата грешка и дека ќе се бара трајно решение – служба која постојано ќе работи и ќе има соодветен стационар каде ќе се чуваат дел од тие животни.

  • Да се идентификуваат најагресивните кучиња, приоритетно тие да се згрижат, за да  понатаму да одиме чекор по чекор, не можеме со толку средства да го решиме целосно проблемот, затоа што ние не сме изолиран остров, поврзани сме со другите градови и региони каде ако ние успеваме да ги тргнеме сите овие кучиња ќе ни носат од другите градови како и што ни носат редовно. Се обидуваме да најдеме издржано системско решение вели Биљал Касами– Градоначалник на Тетово.

Според градоначалникот преку Полошкиот плански регион општините прават координација со цел заеднички третман на бездомните кучиња и нивно стационирање на локација во Општина Врапчиште. 

Александар Самарџиев

Поврзани вести