Кучињата и понатаму „главни“ на улиците, надлежните немоќни

Надлежните молчат, кога ке се сфати сериозноста на опасноста од кучињата бездомници? Скопјани загрижени, зголемен бројот на кучиња скитници кои господарат со градот, често шеатаат во глутници, а бројот на нападнати односно искасани грагани постојано се зголемува. Дали град Скопје конечно ќе почне да ги презема ингеренциите што ги има..

Вчерашниот случај во скопски Аеродром кога сред бел ден куче искаса 49 годишна жена е последниот во низата пријавени од граѓаните, кои се жалат дека веќе подолг период не се решава проблемот. Плоштадите и улиците се преполни со бездомни кучиња кои напаѓаат ,  а речиси секојдневно има примери на граѓани кои како последица од каснување на куче завршуваат во болница.. Граганите се  револтирани од локалните власти поради, како што сметаат, целосната  незаинтересираност и неспособност за справување на овој проблем.. Нема решение за кучињата скитници, иако едно од главните ветувања на градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов беше дека ќе овој проблем  ќе стане минато, и дека за таа цел од буџетот  има одвовоено 10милинони денари..

Засега на скопјани им останува да почекаат да профункционира  новото јавно претпријатие за животните скитници.. Дотогаш,  им останува опцијата да го тужат градот,  доколку ги касне   куче скитник, за што законски им следува отштета од 60.000 до 180.000 денари.