Димитар вели едно, Ковачевски кажува сосем друго – контрадикторни изјави на премиерот
Куси премиерски нозе на Димитар Ковачевски. Едно вели вчера, друго денес, трето утре. Ова накратко е реториката на македонскиот премиер последниве денови. Со своите зборови сега, ги погазува своите зборови од претходно. Таков најчесто е примерот со уставните измени.
Според Ковачевски, внеусвањето на Бугарите во Уставот ќе значи сигурен и непречен пат кон Европската Унија.
-Што побрзо го направиме тој процес, толку побрзо ќе станеме земја членка на ЕУ. Ќе повторам нешто што го кажав пред повеќе време за прв пат ветото од нашата држава не доаѓа од надвор, може да дојде од внатре, кажа премиерот.
Сепак премиерот го немаше овој став пред само четири месеци. Во април ни порачуваше дека уставните измени се само старт, а дека на патот кон ЕУ, ќе ни следуваат нови услови кои ќе мора да ги исполниме.
-Ова не се последни уставни измени, ова не се последни, бидејќи и пред влегувањето во ЕУ има уставни измени, кога се даваат дел од надлежностите на ЕУ, како што тоа го направила секоја држава. Ова не е последното двотретинско гласање на патот кон ЕУ, пред нас имаме врз основа на скрининг извештаите кои ќе ги добиеме реформа на правосудството, за тоа треба две третини, реформа на Обвинителството, за тоа се потребни две третини, изјави Ковачевски.
Сомнеж дека ја говори вистината кај Ковачевски можеме да најдеме и во делот кога вели дека уставните измени, не се по бугарски диктат. Тогаш се поставува прашањето зошто воопшто би пристапувале кон менување на Уставот, ако тоа не е услов на Бугарија.
-Предлогот е напишан тука во Скопје, предлогот се дебатира во македонското Собрание во Скопје. И затоа со цела одговорност ги отфрлам лажните и невистинити тези дека постои некаков диктат од било кого, за било што. Постои само нашата сегашна, а сепак историска можност да направиме нешто добро за државата, изјави Ковачевски.
Проблематичен е ставот Ковачевски и кога се во прашање уставните измени, односно пратениците кои даваат поддршка за истите. Иако во Собранието за дневниот ред на кој се најдоа токму измените уставот, гласаа 70 народни избраници, според премиерот за промени биле 73 пратеници.
Различни ставови Ковачевски имаше и кога се во прашање функционерските плати. Пред четири месеци кажа дека се подготвува предлог закон со кој ќе се среди преголемото зголемување наплатите од речиси 80 проценти.
Сега пак има сосем друг став. И да се донесел нов закон пак ќе паднел на Уставен суд, а и реши да објаснува зошто функционерите ја заслужувале својата зголемена плата.
Матеја Петровски