Култниот филм „Гладијатор“ ќе добие втор дел

Долго време се зборуваше за можноста култниот филм “Гладијатор” да добие продолжение, но сега е и официјално – Ридли Скот веќе работи напорно на филм кој дефинитивно ќе биде огромен хит!

Скот се здружи со сценаристот Питер Крег, кој стои зад проектите како што се “Игрите на гладните” и продолжението на “Топ Ган”.

Приказната треба да започне набргу откако главниот лик на првиот филм, Максимус (Расел Кроу) умира во Колосеумот во Рим, а во продолжението фокусот е на Лусиус, синот на Лусил, која првично ја глумеше Кони Нилсен. Лусиус е внукот на Комодус, римскиот лидер кој го играше Хоакин Финикс и кого Максимус го уби.

“Гладијатор” беше номиниран за 12 Оскари и освои пет од нив, вклучувајќи ја и наградата за најдобар филм. Како што се зборува, продукцијата би можела да започне наскоро, а деталите за актерската постава се уште се непознати.