Кулминира судирот СДСМ ДУИ-Ахмети ја обвини Царовска за специјална војна

Скандалот со ПИОМ кој го обзнани министерката Царовска од темел ја стресе владината коалиција. Откако јавно посочи дека во целиот случај се вмешани поранешни функционери од ДУИ, првиот интегративец Ахмети „распали“ по ресорната министерка – објавила специјална војна на повеќе од 100 илјади гласачи на ДУИ. Во интервју за вториот сервис на МТВ Ахмети побара Царовска да оди во Обвинителство и да пријави бидејќи ја плаќал политичката цена за скандалот.

И невладините организации и медиумите и политичките партии сите станале oбвинитeли и сите обвинуваат за кpaдење и за нечисти работи, а никој од нив не оди да пријави во oбвинитeлcтво. Еве на пример да го земеме последниот случај каде што излегува министерката без никаква одговорност и вели дека се изгубени 19 милиони евра во пензискиот фонд. Јас оваа порака ја сфаќам како една специјална вojнa против ДУИ, бидејќи случајно се погодиле директорите да бидат на ДУИ. Нека оди во oбвинитeлcтвo, тоа се 19 милиони евра. Излегува денес и вика дека било техничка грешка, но за таа техничка грешка јас плаќам политичка цена, вели Ахмети.

Министерката Царовска пак се си кажала досега. Не сакаше да ја коментира изјавата на Ахмети и обвинувањата дека започнала директна војна со ДУИ прозивајќи поранешни функционери од редовите интегративците.

Но Ахмети не запира со ваквата реторика. Му испрати и директна порака на Заев-високи претставници на СДСМ правеле неодговорни потези. На туѓа свадба не одел, ниту пак прифаќаат да бидат нечија патерица, им порача Ахмети. Додека ДУИ директно напаѓа, министрите на СДСМ претпазливи со дипломатски одговор.

Од друга страна пак првиот полицаец најави расчистување на криминалот, па макар, дури и ако е внатре во коалицијата , мислејќи на коалицискиот партнер ДУИ.

Директните вербални напади на високите владини функционери покажува дека работите на Илинденска бр.2 не одат во добра насока, иако Владата се обидува да ги сокрие сите проблеми. Несогласувањата кулминираат откако Ахмети најави дека ДУИ со самостоен кандидат ќе ја трчаат претседателската трка.

Ивана Соколовиќ Најдова