КСС бара јавниот сектор да работи од 9 до 15 часот, но и Владата сериозно да им помогне на компаниите

Јавната администрација да работи два часа помалку за да се заштеди, односно од 9 до 15 часот, предлага Конфедерацијата на слободни синдикати. Според нив, целта е јавниот сектор да работи со скратено време за максимално да се искористи дневната светлина кога е најтопло во текот на денот, а со тоа дополнително ќе се заштеди за компаниите, кои и онака не знаат како ќе ги платат високите сметки.

  • Итно да профункционира социјалниот дијалог за да им се помогне на работниците, бизнис секторот и јавно-комуналните претпријатија побезболно да ја пребродат енергетската и економската криза, како и да се субвенционира струјата во индустриските капацитети и комуналните претрпијатија, бара Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).

КСС предупредува дека последиците од енергетската и економската криза најмногу ќе ги почувствува работникот, а ако власта не изнајде соодветни и итни решенија, се поголем број граѓани ќе даваат отказ и ќе ја напуштаат државата.

  • Овие две години се намалуваат и вработеноста и невработеноста. Тоа јасно покажува дека државата оди во погрешна насока, затоа и многу луѓе се иселуваат. Ние сме феномен во соседството, на Блаканот и во Европа. Ќе се соочиме со се поголем број граѓани кои ќе дават отказ и ќе на ја напуштаат државата, истакна Ралповски, додавајќи дека од почетокот на КОВИД-кризата до денес во земјава се изгубени 120 000 работни места, потсетуваат синдикатите.

Како што соопштија синдикалците, енергијата што ќе се заштеди од јавните институции да им се даде како помош на бизнис секторот и јавно – комунлните претпријатија за да се спречат поголеми ценовни шокови.

Од КСС бараат и Владата сериозно да му помогне на стопанството со антикризни мерки, за да може да опстане, бидејќи сега со скапата струја се повеќе компании ставаат клуч на врата.

  • Ако властите во најитен можен рок не изнајдат решение за субвенционирање на струјата во големите индустриски капацитети и, пред се, во јавните комунални претрпијатија како даватели на услуги на граѓаните, ќе се соочиме со зголемување на цените за комуналните услуги, но и со губење на работни места. Доведен ќе биде во прашање опстанокот на работникот во тешката зима што претстои, рече претседателот на КСС, Благоја Ралповски.

Во меѓу време, еден куп компании веќе се пожалија дека добиле  неколку кратно повисоки сметки за струја, и ако државата не помогне за ублажување на ударот последиците ќе бидат огромни.

Инаку, од 1 септември во земјава е прогласена енергетска кризна состојба. Државната „ЕСМ“ веднаш доби дополнителни 50 милиони евра директно од државниот буџет, откако предходно министерството за финансии зеде кредит во истата вредност од домашна банка. Парите треба да бидат наменети за „ЕСМ“ да го зголеми производството и да купи јаглен и мазут.

Борис Грујоски