КСЗД: Клубот „Ванчо Мијахлов“ ги дискриминира и вознемирува Македонците

Бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола дискриминирал по национална и етничка припадност. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврдила продолжено и повеќекратно вознемирување како потежок вид дискриминација врз членови, семејствата, поддржувачи на Сојузот на борците на НОБ, но и кон македонскиот народ и сите заедници кои живеат во Македонија. Комисијата констатирала дека бугарскиот клуб вршел промоција на ликот и делото на Ванчо Михајлов..

  • „Целите на здружување на културниот центар “Иван Михајлов“ од Битола се сосема спротивни од она што значи слобода на здружување, Промоција и рехабилитација на ликот и делото на Иван Михајлов говори дека во нашата држава на овој начин е овозможено овој центар да делува и да ги извршува не своите цели кои ги навел, дека ќе работи за права и слободи на граѓани на Р.Македонија туку напротив“ – рече Весна Бендевска.

Не само клубот во Битола, дискриминација имало и кај Министерството за правда, затоа што, не ги извршило своите законски надлежности..

  • „Комисијата утврди и индиректна дискриминација извршена од страна на Министерството за правда, поради пропуштање на извршување на своите законски надлежности, со коишто му овозможиле на Здружението да врши дејствија спротивни на Законот“ рече Весна Бендевска – член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Сега Правда има рок од 45 дена да изврши надзор врз законитоста на примената од одредбите на законот за здруженија и фондации, а здружението Ванчо Михајлов еден месец да ги отстрани сите елементи кои предизвикуваат дискриминација. Ако не го сторат тоа Комисијата може да покрене прекршочна пријава до надлежниот суд.

До Комисијата, Бугарите во Македонија се пожалиле 26 пати дека биле дискриминирани. Само шест физички лица, а останатите пријави биле од здруженија. Во два случаи комисијата утрврдила дека нема дискриминација, 7 претставки биле неуредно поднесени, 15 се разгледуваа, а само во два случаи Комисијата препознала дискриминација..

Во меѓувреме, предлог измените во законот за здруженија и фондации  на собраниска расправа ќе се најдат во понеделник. Опозицијата ги поднесе пред една недела, а владејчакото мнозинство остави простор да даде поддршка за нив. ВМРО-ДПМНЕ законските измени ги поднесе со цел да се спречи идното формирање на бугарски здруженија со имиња контроверзни за македонската историја но, и  да се реагира за веќе постоечките.

Викторија Миткова

Advertisements