Крушево за Илинден под опсада – над 1000 полицајци ќе го чуваат премиерот за прославата

Граѓански свирежи, нарачани аплаузи и над 1.000 полицајци кои треба да го чуваат. Вака премиерот Ковачевски утре ќе го прославува 2-ри Август во Крушево. Таму придружба на премиерот ќе му прават вицепремиерите Артан Груби и Славица Грковска и министрите Оливер Спасовски и Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Прославата ќе ја отвори Ковачевски во 30 минути по 11 часот. Но, веројатно стравувајќи од гневот на народот, кој со недели протестираше против францускиот предлог и кој може да го дочека премиерот со извици, пцовки и свирежи, за чување на владината делегација биле ангажирани дури 1500 полициски службеници од различни единици, неофицијално дознава Алфа.

Во истовреме, додека народот самоиницијативно ќе се собере на мечкин камен, СДСМ, со пораки го кани своето членство на прославата, пишувајќи им дека е обезбеден бесплатен превоз. Во една таква покана, општинската организација на Соцјал-демократите во Центар ги повикува своите членови, „кои сакаат да присуствуваат на настанот“ на збирно место за тргнување.

Почитувани, Ве известуваме дека на 2-ри Август,по повод престојниот празник ќе се оди организирано со бесплатен превоз во Крушево, сите кои сакаат да присуствуваат на настанот. Тргнувањето е во 06:00 на 02.08.2022 збирно место цветен пазар во Капиштец. Со почит, ОО СДСМ Центар. 

Но Дел од членовите на СДСМ откажуваат послушност, и се незадоволни од „третманот“ на нивната партија, па коментираат по социјалните мрежи.

„Што сме ние, компири за ставање во вреќа? Каде ви се ликовите со по три до пет вработени по фамилија? Каде ви се директорите со дебели г****и што јадат шкампи по елитни ресторани додека дел од членството нема пари да си плати кафе? Каде ви се спонзорушите и мисиците, кои ги топорите на слики кога има владин хепенинг“ – пишува еден експониран активист на СДСМ на својот профил на Фејсбук.

Се поизвесно е дека утре во Крушево, граѓаните ќе бидат поделени на две групи. На една, тие што ќе му аплаудираат на Ковачевски, од друга страна обичниот народ.

Ова година пак, исвиркан беше и претседателот Стево Пендаровски и тоа во два наврати. Пендаровски пред само неколку дена беше исвиркан на Галичката свадба, а претходно пак беше исвиркан и кога отиде да положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев, на четврти февруари годинава.

Инаку, прославата за Илинден во Крушево почнува вечерва со оддавање почит на борците од Крушевската Република и останатите борци за независна Македонија. Илинден претседателот на државата ќе го чествува во манастирот „Прохор Пчински“.

Викторија Миткова

https://youtu.be/aEKVV02flkE
Advertisements