Кроневски: Имаме ИТ луѓе, но работат за странски пазари
Во политичкиот магазин ЗА или ПРОТИВ, првиот човек на Некстсенс се осврна на проблемот кој го има македонската енономија и општество во областа на кадри од ИТ секторот. Тој вели луѓе имало, но тие работеле за странски фирми.
Има недостатокот на ИТ кадри во домашната економија, ние имаме голем број на ИТ кадри кои работат во државата, но своите услуги ги даваат за странски компании. Има недостаток во сите претпријатија бидејќи истите кадри што работеле во банки,телекоми и во производствени компании, државни установи, веќе ги напуштија своите работни места и работат во надворешни компании. Сите тие делуваат и создаваат некаква вредност за некои други економии, вели првиот човек на Некстсенс.
Покрај другото тој се осврна и на новите законски измени, каде поголемите компании кои имаат поголеми добивки да плаќаат еднократко дел од своите заработки на државата.
Јас пред се тоа би го гледал од аспект на предвидливост, како проблем. Секоја една сериозна компанија си има финансиски планови кои се годишни и повеќегодишни, и тоа се прави на база на познатата состојба која што ја има на пазарот, врз база на она што е регулативата тековна во моментот и врз база на тоа се прават одредени проекции. Доколку се воведуваат вакви мерки тие според мене никогаш не би требало да се спроведуваат ад хок од денес за утре. Од тој аспект предвидливоста веќе ја нема. Тоа значи кога нема предвидливост се појавува несигурност, а таа појавува еден друг посериозен нус ефект , а тоа е намалена амбиции, храброст во нови инвестиции. Кога се појавува несигурност, компаниите кои капиталот кои се спремни да го инвестираат во одредени нови развојни да релам инвестиции итн. ја намалува нивната храброст во тоа, вели Кроневски.