Критичната ситуацијата со морбили во Струга

Се шири заразата со морбили во Струга, бројката на заболени лица се искачи на 49. Од регионалниот Центар за јавно здравје во Охрид информираат дека до 1-ви овој месец биле евидентирани 41 заболено лице, но последните денови од изминатата недела добиле пријави за нови заболени. Заразата сега е евидентирана кај 49 лица на возраст од 3 до 50 години, меѓу заболените има и две бебиња. Се работи велат за возраст кога опаѓа имунитетот од самата вакцинација.

Бројките се загрижувачки, затоа и се прогласи епидемија велат од Центарот за јавно здравје.

Поради симптомите кои се слични на респираторни заболувања, болните лутале од матични лекари, па во различни одделенија во болницата, ширејќи ја заразата. Коровешоска со апел до матичните лекари-сите оние кои што се со лесна клиничка слика да ги лекуваат и да им препорачат да бидат изолирани дома, со цeл да се спречи ширење на инфекцијата. До инфективните одделенија во Охрид и Дебар да ги праќаат само потешките случаи.

Во струшката болница и натаму е забранета посета, а се врши појачана дезифекција на просторот и опремата во сите здравствени установи, училишта и градинки во Струга. Медицинските лице мора да носат заштитни маски и ракавици, бидејќи меѓу заболените има и лекари. Бројот на заболени мецински лица, изнесува 13.

Росица Голабоска