Критики од ЕУ, ОБСЕ и репортери без граници по скандалозните изјави на Ковачевски и Ахмети

Непрофесионални и непромислени изјави кои може да ја ограничат слободата на говор и да ја загрозат безбедноста на новинарите и медиумски работници. – Остри реакции од дипломатските претставништва во земјава, како и меѓународните новинарски организации за скандаклозните изјави на премиерот Ковачевски и лидерот на ДУИ Ахмети кои навредливо и дискредитирачки ги етикетираа телевизиите Алфа и Телма.

Од делегацијата на Европската Унија во Македонија велат дека внимателно ги следат случувањата во медиумскиот сектор кај нас, вклучително и јавните изјави и реакции во изминатите неколку дена.

  • „На медиумите мора да им се дозволи да ја вршат својата работа самостојно, ослободени од каков било притисок или мешање или дејствија што можат да доведат до самоцензура или загрозување на новинарите.“ – Пишува во реакцијата на Делегација на Европската унија во Македонија.

Од меѓународната новинарска организација „Репотери без граници“ велат дека Македонија е рангирана на 57мото место во светскиот индекс на слободата на печатот. Оттаму предупредуваат дека политичарите, особено оние на власт, мора се воздржат од етикетирање медиуми.

  • „Сметаме дека политичарите – а уште повеќе оние на власт – мора да се воздржат од етикетирање на медиумите како „непријатели“ и од неосновани обвинувања. Доколку имаат забелешки против работата на медиумите, треба да поднесат претставки до регулаторните и саморегулаторните тела.“ – Стои во реакцијата на меѓународната организација.

Со рекација и од мисијата на организацијата за безбедост и соработка во Европа – ОБСЕ со која токму Македонија во моментов претседава. Оттаму велат дека медиумите имаат клучна улога за слободни општества.

  • „Слободните и плуралистички медиуми, кои уживаат максимална уредувачка независност, имаат важна улога во слободни и отворени општества со одговорни системи на владеење. Нашата Мисија е силен поддржувач на слободата на медиумите во Северна Македонија.“ – Напишаа од ОБСЕ.

Меѓународните организации и дипломатските претставништва согласни – Политичарите и јавните личности мораат да се воздржат од прозивки и етикиетирање на медиумите. Нивните реакции следуваат откако лидерот на ДУИ зборуваше за Алфа и Телма како непријатели на албанците, а Ковачевски го надополни со навреди од типот дека станува збор за телевизии кои наликуваат како партиски центар за комуникации, односно трговец со енергенси.

Никола Цветкоски

Advertisements