Криза во ДУИ: Ахмети не ги изгаси огнените момци- Муса Џафери предупредува дека војната во ДУИ ќе ескалира ако не замине Груби

Али Ахмети не успеа да ги изгаси огнените, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ги повика да се соберат 61 пратеник и да изгласаат распуштање на Собранието, со цел одржување предвремени парламентарни избори. Вака Мицкоски одговори на повикот на Изет Меџити опозицијата да поднесе интерпелација за првиот вицепремиер, на која тој ќе гласал ЗА.

-Јас на тој предизвик само ќе одговорам со контра предизвик, ајде сите 61 заедно да гласаме за распуштање на Парламентот и да одиме на предвремени парламентарни избори, изјави Мицкоски.

Артан Груби конечно проговоре на огненото незадолство кон него, вели никој не бил незаменлив, но сега не било моментот да се бара одговорност од него.

-Било која политичка партија, било кој опшстествен процес може без секого, никој не е незаменлив, но се наоѓаме во пресудни моменти ви кажав и сметам дека сите треба да дадеме придонес за да ги надминеме сите кризи со кои се соочуваме и да дадеме придонес за успешно реализирање на проектите, изјави Груби.

Иако Артан Груби смирува велејќи дека нема проблеми во партијата, ситуацијата сепак не изгледа така. Поранешниот вицепремиер Муса Џафери вели ако првиот вицепремиер не замине од функцијата, ситуацијата во ДУИ ќе ескалира.

-Оставка на првиот вицепремиер Артан Груби и уште неколку министри или пак, лидерот Али Ахмети да ги смени, во спротивно војната во ДУИ ќе ескалира. Ако Ахмети мисли дека ова може да се развлече преку средби со ограноци и да трае со месеци, ако мисли дека може да не надмудри тогаш е во грешка бидејќи така нема да се решат проблемитe, вели Муса Џафери.

Изет Меџити, Блерим Беџетиу и Висар Ганиу отидоа во Мала Речица, се сликаа со партискиот лидер, но без успех заврши мисијата да го премислат околу Артан Груби. Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети на Фејсбук напиша дека остануваат пријатели со Ахмети, но и дека остануваат против извршната власт. Слична порака испрати и Изет Меџити, кој вели дека Груби бил многу оптеретен и не можел да работи се.

-Кој и да е, не само Артан Груби, туку никој не може да биде и организациски секретар и вицепремиер, компетентен за проекти, за концерти, за медиуми, тоа е апсурдно, вели Меџити.

Очигледно Груби за Ахмети е заштитена бела мечка. Лидерот на ДУИ велејќи дека се може без секого, застана во одбраната на својот прв соработник, а често и преведувач. Сега во обид да ја смири топката вели во ваквата мисија на огнените немало ништо загрижувачко, а тој со вакви состојби се занимвала многу години.

-Со овие пресметки се занимавам веќе 20 години. Извршната власт има други проблеми, органоците и општините имаат други проблеми и природно се појавуваат противречности меѓу овие институции, што е природно. Со извршната власт, раководители на ограноци зборувавме да се средат тие нејаснотии, недоразбирања. Во спротивно, нема ништо загрижувачко. Нема ништо од тоа што се зборува дека ќе се создаде нова партија, изјави Ахмети.

Незадоволството на Огнената група трае речиси две години. Меџити секогаш е најгласниот и повеќе пати досега го прозиваше и бараше одговорност од Груби, често барајќи од Ахмети да ја намали моќта на првиот вицепремиер.

Матеја Петровски

Advertisements