});

Кривична пријава против мажот од Мала Речица, осомничен за убиство на сопругата

Кривична пријава е покрената против мажот од Мала Речица, кој е осомничен за убиство на неговата сопруга.

Секторот за внатрешни работи Тетово денеска поднесе кривична пријава против 53-годишниот А.К. поради основи на сомнение дека сторил три кривични дела: „убиство“ , „убиство во обид“ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Инцидентот се случил завчера во периодот меѓу 22:00 и 23:00 часот во Мала Речица.

Осомничениот А.К. со пиштол што го поседувал без дозвола ја убил неговата сопруга Х.К.(52) и се обидел да го убие Р.Џ. (50) од Мала Речица.

Педесет и тригодишниот А.К. денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.