Кривична пријава за директорот на финансиска полиција – рекетирал бизнисмени?!

Злоупотреба на службена положба и овластување, малтретирање во вршење на службата и насилство: за овие три дела Обвинителството ја тресеше Управата на Арафат Муареми. Газда на перална за автомобили во Дебар поднел пријава против директорот на финансиска полиција до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, до Јавниот обвинител на Македонија до Владата и до Министерството за финансии. Сопственикот од Дебар навел дека Муареми му се заканувал и го уценувал.

„Во временскиот период од февруари 2022 до денес постојано сум предмет на притисоци и закани, како и разни уцени од страна на пријавеното лице. Со други зборови се врши насилство врз мене. Како директор на Финансиска полиција ја користи и злоупотребува својата положба и моќ добиени од функцијата што ја извршува, а со цел да се откажам од моето право што го остварив во постапка за легализација на објект во Дебар“, стои во пријавата со вчерашен датум.

Минатата недела во претпресот во Финансова истражителите  ги запишале архивските броеви на анонимните пријави од 2018 година до тој ден, а фотокопијата од документација ја однесоа во Обвинителството, која сега се проверува.

Директорот Муареми тврди дека оваа кривична пријава е продолжение на нападите против него и Управата кои доаѓаат од ист центар.

 „ Намерата на овие напади е повеќе од очигледна. Меѓутоа, во интерес на излегувањето на вистината на виделина, ќе се воздржам од дополнителни коментари на ваквите однапред смислени сценарија и оставам надлежните институции да постапуваат согласно своите надлежности“, вели директорот Муареми за А1ОН.

Од друга страна, Управата не запира со претставките за работата на обвинителите. Последно, испратена е на адреса на Судскиот совет, каде Муареми бара да се провери по кои индиции и докази судијата на претходна постапка му одобрил на Обвинителството да изврши претрес во Управата.

Вчера претставка од Управата стигна и до Советот на јавните обвинители за да се преиспита работењето на Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Викторија Миткова

Поврзани вести