Креаторите на Преспанскиот договор, Заев и Димитров годинава не се ни поканети на „Преспа дијалог форумот“

Заев, Димитров, Коѕијас, Ципрас, Хан ниту еден од главните протагонисти во приказната наречена Преспанскиот договор која ја прекрсти Македонија, четири години подоцна не се ниту заеинтересирани  да бидат дел од Преспа форумот кој од утре започнува во Охрид. Министерот за надворешни Бујар Османи кој ја прави и целата организација воопшто не испратил ниту покана за нивно учество, се правда оти темата не била потпишувањето на договорот туку ситуацијата со интеграциите на Западен Балкан, а нивното присуство не било потребно.

-Преспа форум дијалог не се однесува само на Преспанскиот Договор, тоа е платформа во која што дипломатијата и политиката од светот се сретнува за да разговара за актуелните прашања. Оваа година е Западен Балкан во рамки на новата безбедносна архитектура-тоа е темата, не е веќе Преспанскиот договор…затоа не се поканети потписниците, вели Османи.

Заев и Димитров кои Преспански го прикажаа како успешната приказна во која македонскиот народ изгуби се, се смени името на државата, се согласивме да се откажеме од целата историја и да прифатиме дека таа е грчка, им удоволивме се што побараа Грците, а не добивме ништо, сега воопшто не се ни појавуваат во јавност, ама не се ниту на листата на учесници на форум кој произлезе од Договорот..

Во замена за нив, целата македонска влада утре ќе се „пресели“ во Охрид , а на листата потврдени учесници се  претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, претседатели и премиери од регионот, шефот на грчката дипломатијата Никос Дендијас, заменик американскиот државен секретар Розмари Ди Карло….

Иако целта на ставањето параф на Договорот кој збриша се што значеше македонско требаше да донесе преговори и членство во ЕУ, европската перспектива остана само посакувана желба. Но не само што донесе политичка нестабилност, Преспанскиот договор стана и основа за зголемувањето на апетите и на другите соседи кои по истиот терк како и Грците преку вето и ултиматуми го блокираат европскиот пат.

Ивана Соколовиќ Најдова

.

Поврзани вести