Крводарителска акција во Дом на АРМ на 28 август

Црвениот крст при Општина Центар и Институтот за трансфузиона медицина, на 28 август, ќе организираат крводарителска акција по 21 пат.

Граѓаните ќе имаат можност да даруваат крв во Домот на АРМ во периодот од 9 часот наутро до 17 часот попладне.

„Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можноста од
недостаток на крв и крвни деривати. Оваа акција веќе 20 години ја покажува големата хуманост на
граѓаните на град Скопје“, велат организаторите.

Оттаму нагласуваат дека започнувајќи со 146 дарувања во 2003 година, по 20 реализирани акции, собрани се вкупно 4391 единици крв, или во просек 220 крводарители по акција.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста