Крајот на месецов експерти на УНЕСКО ќе извршат мониторинг во Охрид
Ставањето на Охрид на листата на загрозени подрачја на Унеско ќе предизвика сериозен удар врз локалната економија, а целосно ќе го стопира развојот на градот во секаква смисла на зборот-вели градоначалникот Пецаков,во пресрет на доаѓањето на претставниците на Унеско од 25-ти до 27-ми овој месец. За него се неприфатливи тезите на дел од екологистите и граѓанските активисти дека доколку не прогласат за подрачје во опасност,дури тогаш целото внимание ќе се насочело кон Охрид и оти ние требало да ја искористиме таа шанса, да ги најмиме сите експерти и да добиеме поддршка, вклучително и финансиска.Според Пецаков, работите не стојат така.
” Затоа што тогаш доаѓаат фондови, ама не фондови да му помогнат на Охрид и да спроведеме ние проекти за 15,20 милиони евра кои што ни се потребни, туку фондови за некој да ни држи нас предавања како треба и не смееме да го дозволиме тоа.Да, не е по се’ постапено да , за некои работи морало побрзо , да за некои работи можеби можело поинаку, но ние суштински сме постапиле во изминатиов период”-вели градоначалникот Пецаков.
Недвојбено Охрид не смее да го изгуби статусот под капата на Унеско,но некои работи мора да се променат,затоа што градот мора од нешто да живее.Престрогите критериуми кои го наметнува Унеско го спуштија прагот на толеранција и предизвикаа отпор кај граѓаните.
“Седум месеци кај Националаната комисија на Унеско не поминуваше индустриската зона со испочитувани сите параметри според планот за управување на Охрид.Ние мораме да имаме некаков развој, не мислам на урбан туку градот мора да има некаков развој, мора да живее.Ние немаме скијачки центар, немаме експресен пат до Свети Наум. Експресниот пат за Свети Наум кога го зборуваме,таков исти планински масив е Доломитите во Италија. Тој нема еден пат, тој е изрешетан со патишта. Сакам да кажам дека постојат подрачја, кои се под иста или слична заштита од УНЕСКО, а се постапува различно“-додава Пецаков.
За илустрација,во црногорскиот град Котор кој е исто така под Унеско, се гради жичара, а Охрид не смее да направи нити патеки за скијање на Галичица. Сепак Охрид мора да го сочува статусот од Унеско оти тоа е наша најголема продобивка вели Пецаков и очекува да бидат препознаени досегашните заложби и да ни дадат дополнителен рок од 2 години затоа што се потребни сериозни средства за исполнување на одредени пепораки.
Росица Голабоска