Краток рок за Судот  да напише наредба за спровод на Мијалков од Шутка

Судијката Џенета Бегтовиќ, немала време да испрати наредба до истражниот затвор Скопје, за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков каде од синоќа е на издржување на мерка притвор. Во судот денеска беше закажано рочиште за предметот Таргет Тврдина токму за овој случај СЈО вчера побарале од Кривичниот совет на скопска единица притвор на Мијалков. Поранешниот висок полициски функционер синоќа бил уапсен доцна попладнето, а во 19.55 часот бил примен во затворот Скопје. Според тврдењето на еден од адвокатите на Мијалков, Антонио Апсотолски, немало наведено никакви докази по кој основ СЈО ја бара најстрогата мерка за обезбедување, Апостолски вели дека неговиот клиент не бил ниту сослушан туку веднаш спроведен во Шутка.