Краткорочни добивки или долгорочни штети – Што ќе донесат новите владини мерки за ублажување на ценовниот шок?!
Власта најавува мерки за ублажување на шеновниот шок, ама граѓаните, изгорени од досегашните празни ветувања, веќе не веруваат во ништо. Цените, велат, сега се премногу високи и ништо не може да помогне во нивно намалување. Новите мерки кои треба да стапат на сила веќе од следната недела, ќе важи за околу 50-тина прехрамбени производи кои ќе се продаваат поевтино за околу 10%, а на акција ќе можат да се продаваат само пијалоци.

Власта носи мерки за ублажување на шеновниот шок, ама граѓаните, изгорени од досегашните празни ветувања, веќе не веруваат во ништо. Цените, велат, сега се премногу високи и ништо не може да помогне во нивно намалување.
- „Ни намалување, ни цени поевтини, ни ништо нема да има. Ова е се само фарса, нема ништо, лажат“, реагираат граѓаните пред камерата на Алфа, по најавенито поевтинување на цените.

Новите мерки кои треба да стапат на сила веќе од следната недела, ќе важи за околу 50-тина прехрамбени производи кои ќе се продаваат поевтино за околу 10%, а на акција ќе можат да се продаваат само пијалоци. Најголем дел од производите чии цени ќе се намалат се со ДДВ од 5%. Сето ова за граѓаните е уште едно празно ветување на власта.
- „Нема да има ефект од мерките, се тоа е само перење памет, во пракса нема да ги намали никој цените, зашто тоа им е профит“, реагираат граѓаните по ценовното цунами.
Алфа денеска направи обиколка околу зелените пазари, но цените не беа корегирани, ама затоа овошјето и зеленчукот добија благо поскапување.

Премиерот уверува дека мерката ќе дала ефект. Димитар Ковачевски рече дека цените од 1 август ќе се земеле како референтни за најавеното поевтинување на повеќе од 50 основни прехранбени производи.
- „Ги анализиравме цените и практично, покачувањето се случува најмногу после 1 август, затоа го земавме како репер. Но, тоа не значи дека нема да се земат предвид и другите елементи, па и јули. Анализата се прави, сметам дека до крајот на викендов ќе биде завршена. Најважно е дека се носи мерка со која ќе бидат прекинати секакви можности за манипулација со промоции на цените и тоа што се одржа состанок на кој трговските ланци изразија волја за намалување на цената за најмалку 10 отсто, како и дека нема да биде земена како рефрентна цената денес, туку цената што се наоѓа во период зад нас“, потенцира Ковачевски.

Експертската јацвност веќе предупреди дека замрзнувањето на цените само по себе не е мерка и на долг рок нема да го реши проблемот со инфлацијата. Дека тоа е така, потврди и минатото кога се донесе идентична мерка во период на енергетската криза. Власта упорно тврди дека намалување ќе има, а потоа и стабилизација на цените. Повторно замрзнување ќе се случи наредната среда. Ден претходно, на владина седница и формално ќе треба да се усвои одлуката.
Борис Грујоски