Краварството во Македонија пред колапс

Краварството пред колапс. Откупна цена на млекото прениска, а цените на добиточната храна превисоки.  Сточарот Зоран Мачевски од беровското село Робово, од  стадо со 20крави,  сега одгледува само четири. Вели ако порано со истиот број на крави  успеавал ги студира децата и да живее,сега не може  да си ги плати ниту сметките. Поради тоа бил приморан да го десеткува своето стадо.

Можеби ќе издржиме уште една –две години , ама ако продолжи вака ни оваа година нема да биде. Со тие осум крави што ги имам ги студирав децата, а сега не можам да си ги покријам сметките да и купам крма за стоката„ изјави Зоран Мачевски од с.Робово.

Одгледувачите на крави се незадоволни.Тврдат дека цената на млекото се изедначи со цената на добиточната храна.  Нивното млеко се откупува по цена од 24 до 25денари, а во маркетите се продава по цена од над 70денари.

„Може да ни се помогне. Да дават редовно субвенции. Крмата е веќе над 22-23денари. Месото е без пари, а сега и свињите ќе ги уништат. Како да живееме? Кажувам ти оргинално„-изјави Никола Симоновски, сточар од село Митрашинци.

Сточарите бараат откупната цена на млекото, да биде половина на продажната цена во маркетите.

  И додека сточарите се борат за гола егзистенција, цените на млекото и млечните производи секојдневно растат. Кашкавалот достигна и до 800денари за килограм, па голем број на семејства овој период можат да го гледат, но не и да го купат

Александра Ристевска

Advertisements