Кој ќе попушти за Слупчане? – Состанокот најавен за денеска ќе се одржи утре
Ни денеска не падна договор меѓу жителите на Слупчане и ЕВН . Иако се најавуваше, состанок не беше одржан. Претседателот на Советот на Општина Липково за Алфа брифира дека најверојатно истиот ќе се случи во текот на утрешниот ден . Досега се договарало старите долгови да се плаќаат на рати , а струјомерите да бидат исти како за сите во државата.
Најверојатно утре ќе има состанок, договаравме за тие што неможат да ги платат , да плаќаат на рати,
Што се се преговара во Слупчане , колку од барањата од жителите ќе бидат прифатени детали нема . Од ЕВН само кратко информираат дека се подготвувале за старт на реконструкција на мрежата на 9-ти август , а состаноците биле тековна комуникација . Инаку минатата недела опозициската ВМРО-ДПМНЕ бараше од Бектеши да каже што се договара и за што се преговара во Слупчане , Бектеши уверуваше дека Владата не била вклучена во преговорите. Таа изјава ги збуни сите, со оглед на тоа дека Ковачевски ама Бектеши тврдеа дека тие се гаранција оти ЕВН може да влезе во селото.
„ Колку што сум информиран од страна на градоначалникот и од страна на наши претставници во Слупчане, проблемот ќе биде решен. ЕВН и жителите имаат некаков предлог договор“, рече Бектеши на 27.07 во телевизиско интервју
Само една недела подоцна министерот со поинаков став , немал поим за што се преговара . А во Слупчане, каде се краде 80 отсто струја, а се плаќа само 20 отсо биле домаќини и патриоти.
– Конкретни информации за тоа што е договорено меѓу жителите на Слупчане и ЕВН, како Министерство немаме. Но, би ги замолил политичките партии и медиумите да не даваме лажни информации дека одредени места крадат или злоупотребуваат електрична енергија, туку да ја нагласaт потребата за намалување на загубите на електрична енергија бидејќи тоа е во интерес на државата, рече Бектеши на 04.08.2023
Инаку, жителите на Слупчане не ги пуштаа екипите на ЕВН да влезат во селото за да санираат дефект, а од страна на мештаните во знак на револт беа предизвикани серизони дефекти на мрежата по што околните села останаа без струја.
Кристина Алексиеска