Кој ја кочи Анкетната комисија за скандалозниот криминал на онкологија?

Повеќе од дваесет дена истрагата за скандалот на Онкологија тапка во место. Опозицијата алармира дека тоа што обвинителството нема докази  и не се откриени се уште виновниците, власта купува време за да прикрива докази и да го заташка криминалот на Клиниката.Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Дафина Стојаноска се сомнева дека пратениците од владејачкото мнозинство ја кочат целата работа за Анкетната Комисија да не може да си ја врши работата.

Дури на дваесети септември се отврои оваа точка на дневен ред на 125 пленарна седница и тука помина предлог одлуката,сега според правилата на Џафери треба да се свика и комисија за прашања на изборите и именувањата каде би поминал и персоналниот состав на оваа Анкетна комисија,се уште не е свикана дали и тука ќе се купува време а повеќе од 20 дена се поминати дали им е потребно време да се сокријат некои докази.А во меѓувреме останувате вие новинарите и опозицијата и луѓето што протестираат.Значи власта нема абер дека ова е нај итен случај, во секоја европска држава за вакво нешто паѓаат влади” – вели за Алфа Дафина Стојаноноска, пратеник од ВМРО ДПМНЕ.

Според опозицијата, правдата за овој монструозен криминал на сметка на болните од канцер нема да излезе на виделина со оваа власт.

На Комисијата за здравство предложив да разговараме на тема онкологија прифатија, но мојот предлог го ставија под точка разно.Таа седница ние ја напуштивме затоа што бевме испровоцирани од начинот на однесувањето на владејачкото мнозиснтвовели пратеничката.

И додека јавноста ги чека виновниците, тим од обвинители и истражители ги проверуваат наводите дали е сторено кривично дело против здравјето на луѓето. Пациенти добија директен увид во истрагата за Онкологија,но велат дека протестите продолжуваат.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста