Кој лаже во власта? – Груби упорен да го сокрие договорот, СДСМ најави дека ќе го даде на увид на јавноста

Класифициран е или не договорот со „Бехтел и Енка“? Вицепремиерот Груби едно, пратеникот Каевски од Соцјал-демократите друго. И покрај силниот притисок од јавноста, главниот координатор на проектот Груби нема да го даде на увид договорот што е потпишан со „Бехтел и Енка“ бидејќи бил класифициран на барање на американско-турскиот конзорциум.  

  • „Договорот со „Бехтел и Енка е класифициран. Тоа е секаде каде што гради овој конзорциум. Така беше и во Србија и на Блискиот исток. Тоа не е ништо чудно. Компанијата исто така не дозволува да биде објавен. Единствен кој го има договорот е Јавното обвинителство“ рече Груби.

Само неколку миниту подоцна претникот Каевски од СДСМ вети дека наскоро јавноста ќе ја има на увид целата спогодба.

  • „Договорот за изградба на коридорите 8 и 10д ќе биде објавен и сите, апсолутно целата јавност, граѓаните, новинарите ќе имаат можност да го видат. Тоа е обемен договор, некаде околу 400 страни, така што секој ќе може да го види и ќе согледате дека во него нема ништо спорно, како и дека овие дополнителни законски измени ќе придонесат за овој проект побрзо да се заврши и помалку да чини. Станува збор за проект, што е од стратешки интерес за државата“, изјави денеска портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

Вицепремиерката Грковска не гледа причина да не биде објавена спогодбата освен ако договорот не кажува спротивно.

  • „Јас не гледам причина зошто договорот да не биде објавен. Станува збор за стратегиски договор од национален интерес. Не сум сигурна, но ќе проверам дали има некоја клаузула која би го спречувала тоа. Во спротивност, пак ќе кажам, тоа е договор од стратегиски интерес и не мислам дека треба да биде сокриен од јавноста“,изјави денеска Грковска одговарајќи на новинарски прашања.

Од друга страна, Груби и владините колеги, Бочварски и Бектеши, а и од надзорот на проектот, тврдеа дека не можат да кажат колку пари ќе плати Македонија ако не го смени пакетот-закони на време бидејќи било класифицирано. Јавноста за сега не знае ниту какви сè обврски преземала државата и што ако Коридор 8 не биде завршен во дадениот рок од 4 години и 7 месеци.  

Во обид да ги оправда измените во Законот за работни односи, со кои работната недела ќе порасне на 60 часа, Груби вели дека со тоа ќе се скратело времето на завршување на проектот и истиот ќе чинел поевтино.

  • Ако се изгласааат измените на сетот таканаречени „Бехтел и Енка“ закони проектот ќе трае пократко и ќе чини помалку. Ние сакаме проектот да чини поевтино и да се изгради побрзо. Во спротивно ќе чини и повеќе и ќе се гради подолго време“ – вели Груби.

А ако нашите рботници не сакаат да равотат прекувремено, тие ќе си увезеле работна сила од странство, вели координаторот на проектот.

Викторија Миткова

Advertisements