Кој ке сноси одговорност за сајбер нападот на ФЗОМ?

Одговорност за хаосот во Фондот за здравство мора да има – целиот систем повеќе од две недели не беше во функција поради што страдаа и пациентите и лекарите.

И од здружението на болни од канцер ХЕМО ОНКО велат дека се шокирани од последните случувања. И досега имале огромни проблеми како недостиг на лекање, долго чекање за терапија, високи цени. А ова што се случува сега е буквален крах на целиот систем.

„Одговорност секако дека мора да има, пациентите и онака имаат проблеми со пристап до терапија и се соочуваат со плаќање на високи цени на лекови “ вели Милица Кузмановска – Потпретседателката на Здружението ХЕМО ОНКО.

За лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски во Фондот се поставени неспосбни директори кои се незаштитени и обвинителството треба да се позанимава со овој случај.

 „Знам едно дека таму работат неспособни директори кои никој не ги повика на одговорност и од ДУИ и од СДСМ. Заштитени се и наместо обвинителството да се позанимава со овој случај, обвинителството бега како ѓавол од темјан од целата оваа работа“, посочи Мицкоски“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски“

Откако настана целиот хаос никој од надлежните во ФЗОМ не најде за сходно да се соочи со јавноста и да одговори на бројните прашања. Дури за утре е најавен брифинг со директорите, откако функциите на системот почнаа полека да се враќаат една по една.

Од вчера попладне почна исплатата на јануарската плата на здравствените работници, се исплаќаат и заостанатите породилни отсуства и рефундации.

Се уште не се знае што точно се случи со системот на ФЗОМ, кој и зошто го хакирал, и најважно дали податоците на пациентите се изгубени за секогаш. Одговорност нема ниту кај раководителите на Фондот, ниту кај другите институции.

Инаку ФЗОМ во изминатите 10 години има потрошено над три милиони евра за информатички услуги.

За несоодветниот менаџмент и надзор од страна на Фондот врз работата на информатичките компании кои ги ангажираат, веќе предупредил и државниот завод за ревизија, кој освен на за ова, детектирал потфрлање во скоро секој сегмент во работењето. Откако се случи хакерскиот напад и настана вистински хаос, Владата денеска на седница донесе одлука да ги обучува сите административци за сајбер безбедност.

Паула Костадиноска

Advertisements

Поврзани вести