Кој зборува вистина, кој лаже? Османи вели не сме го одбиле францускиот предлог, Ковачевски пак вели го одбил

Кој ја говори вистината? Бујар Османи  зборува едно, Димитар Ковачевски друго. Премиерот го одбил францускиот предлог, барем ако можеме да веруваме во неговите зборови, додека министерот за надворешни вели документот на Макрон не е одбиен и е прифатлив за Македонија, само потребни биле интервенции во одреден дел.

-Доколку се најде решение за ова спорно прашање со протоколите, останатиот дел е решение кое што е прифатливо за нас. И знам дека има реакции по однос зошто има посебен акциски план за малцинства, за етнички заедници. Морам да кажам дека таков план има за сите земји, меѓутоа се дел од еден друг пакет. Овде е спуштен како посебен инструмент затоа што се разбира имавме две страни, мораше да се задоволи и другата страна, изјави Османи.

Правдајќи Макрон што не нарече Северномакедонци, Османи ни ја кажа и тажната вистина која што ја добивме со Преспанскиот договор, односно дека светот повеќе не познава како Северномакедонци отколку како Македонци, бидејќи самиот кажа какво било името на земјата, така не нарекувале надвор од земјава. Сепак вели добро било што грешките, кои зачестија се повеќе, биле поправани од оние кои грешат.

-Јас убеден, затоа што разговаравме дека францускиот претседател тоа го кажува без никаква намера зошто обично е така, какво е името се нарекуваат така. Имаше такви грешки и во други наврати, во кои што веднаш оние кои ги знаат спецификите се корегираат, изјави Османи.

Ставовите на Османи дека францускиот предлог сепак е прифатлив за Македонија, со интеревенции во протоколите е контра оној на неговиот барем официјално шеф, Димитар Ковачевски, кој во стил на патриот документот на Макрон го одби во Брисел.

-Предлогот на француското претседателство за деблокада на нашиот европски пат во ваква форма, каква што е во моментов, е неприфатлив за мене, за претседателот на државата, за Владата, за коалициските партнери и за граѓаните на Македонија…Доколку во текот на француското претседателство се постигне разбирање за нашите позиции, ние сме подготвени да се вклучиме во разговори за истите, за да се започнат преговори до крајот на јуни, изјави Ковачевски.

Дека ќе се стори се што е можно францускиот предлог на крајот да помине, покажуваат и зборовите на Емануел Макрон, кој во своите излагања јасно порачува дека бара решение на спорот меѓу Македонија и Бугарија до крајот на месецов

-Ќе продолжиме со ова. Ги имаме преговорите со бугарските и северномакедонските  колеги да се најде решение и постигне договор во следните неколку дена и сите се подготвени тоа да се формализира. Би сакал да им се заблагодарам на бугарскиот премиер, коалициските партнери, опозициските партии кои тоа го изгласаа. Честитки за Македонија на напредокот. Се уште има работа да се заврши, но ова сепак е напредок, изјави Макрон.

Она што е проблематично за Македонија, се јасните бугарски ставови, кои речиси едногласно се прифатени од сите политички фактори во Бугарија, а за жал се поразителни за Македонија како држава.

Матеја Петровски