Кој дозволи Јанакиевски и Ристовски да бидат претепани? Опозицијата бара одговорност

Инциденти во затворот во Шутка, поранешните министри Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, жртви на физички напад во дворот на затворот. По нанасените повреди Јанакиевски беше пренесен во градската општа болница 8 Септември , каде беше хостпитализиран, но неколку часа вратен повторно во притвор. Ристовски пак бил прегледан во медицинскиот стационар во истражниот затвор. Јавноста во шок, социјалните мрежи вријат, граѓаните прашуваат колку се заштитени притворениците доколку во краток временски период се случиле две физички пресметки, каде има и повредени.
Директорот на затворот Ѓоко Котевски по цел ден молк и неодговарање на телефоснките повици, дур доцна вечерва реши да излезе во јавност за да се правда, вели ќе го испитале случајот,ќе воделе истрага за што се случило, иако веќе имаа испратено соопштение каде се вели дека повредените Јанакиевски и Ристовски вербално ги провоцирале напаѓачите.

Директорот на болницата „8-ми септември“, Христијан Костов изјави дека кај екс-министерот, Миле Јанакиески не биле евидентирани никакви повреди по инцидентот во затворот , туку само нагмечувања, но не и скршеници.

По скандалозните напади во затворот на екс министрите , лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски придружуван со членови од партијата и раководството, се обидоа да го посетат Јанакиевски во болницата, но сепак посетата беше оневозножена. Мицкоски за тепањето на поранешните министири ја обвини државата која не ги заштитила, но и побара оставка од Заев, чии раце според Мицкоски биле крвави, но оставка од министрите Десковска и Спасовски.

Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски се се наоѓаат во триесет дневен притвор во истражниот затвор во Шутка ,по барање на обвинителството во рамките на истрагата за настаните во Собранието на 27 април, 2017 година.

Meри Ѓорѓиевска