Коѕијас за оставката : Ципрас и Каменос не планираат да се бават со Фиромјаните до Март

Една од причините за оставката на Коѕијас е договорот меѓу Ципрас и Каменос да не разговараат за Преспанскиот Договор до месец март. Екс шефот на грчката дипломатија  во интервју за критска телевизија вели дека тој воопшто не бил известен за оваа одлука и за истата дознал додека бил во Њујорк на Генералното собрание на ОН.

Ова создало многу серозни прашања, бидејќи проценката на Коѕијас е дека Договорот многу порано ќе стигне во грчкиот Парламент. И покрај тоа што за конкретната тема,  два часа во Њујорк разговарал со Ципрас не бил убеден од аргументите на премиерот.

– Ова со март, не можам да го објаснам. Не бев присутен, не ме прашаа, не знам. Можете мене да ми објасните што значи ова? Кога договорот вели дека треба Фиромјаните да завршат до декември, а како што се чини по гласањето минатиот петок вечерта, веројатно е да завршат до крајот на декември. Ние што точно ќе направиме? Нема да го спроведеме договорот кој што вели веднаш по уставната промена во ПЈРМ треба да следи ратификација од нас? Ќе го оставиме три-четири месеци? Не може еден меѓународен договор што е обврска, да го оставиме и поради внатрешни прашања на малиот коалициски партнер да велиме дека ќе видиме по три-четири месеци од она што го предвидува Договорот, вели екс министерот за надворешни работи на Грција.

Коѕијас во интервјуто објаснува и дека подолго време постоеле несогласувања за тоа кој ја води надворешна политика во земјата , а владината седница на 16 октомври билата последната капка за прелевање на чашата – не бил известен дека на агендата ќе биде патувањето на министерот за одбрана во САД, како што и не знаел дека ден претходно Каменос се сретнал со Ципрас

Коѕијас го открива и ставот на Каменос во САД – министерот за одбрана во Америка презентирал дека договорот бил иницијатива на Коѕијас која никој не ја знае и кажувал дека никогаш нема да се имплементира договорот. Исто така Каменос лажел дека за Преспанскиот Договор не бил запознаен министерскиот совет во Грција иако биле одржани 4 владини седници.

Во меѓувреме медиумите во Грција веќе пишуваат дека има голема криза во владата на Ципрас и дека премиерот се подготвува за Влада без Каменос. Дел од пратениците на Анел и покрај противењето на нивниот лидер Каменос се очекува да застанат на страната на Ципрас. Владата на Сириза доколку има потреба ќе ја поддржат и пратеници на Потами и покрај различните ставови на нивната партија.