Кочанските земјоделци бараат Владата да прогласи елементарна непогода – невремето ги уништи житните култури

По поплавите земјоделците бараат од Владата да прогласи елементарна непогода. Градот со големина на орев ги уништи зеленчукот и овошјето, а надојдените води ги поплавија посевите посеани со житни култури. Земјоделците стравуваат дека нема да можат да го соберат овогодинешниот род.

Бараме од Влада да излезат на лице место и да прогласат елементарна непогода. Бидејќи оваа година е навистина посебна. Ни нема спас. Како што кажав и житариците сега не можат да се ожнеат, бидејќи комбајните не можат да влезат внатре, а житарицата е на земја„ изјави Тони Максимов, земјоделец од Чешиново-Облешево.

И не знам како да влезам да ги ожнеам. Имам 3 хектари со житарица полвени. Ни со комбајн, ни со гасеница не може да се влезе„ рече Ангелчо Тасев, земјоделец од село Чифлик.

Од денес и кочанчанци ќе може да пријавуваат штети предизвикани од невремето што викендов го зафати Кочани. Во Делчево пак работите полека се нормализираат. Постапката за пријвување на штети е веќе завршена. 150 граѓани пријавиле поплавување на подруми, мебел, а има пријави и за десетина поплавени возила. Во наредниот период Комисијата треба да излезе на терен

Тој елаборат ќе биде даден на разгледување и усвојување од страна на  Советот на Општина Делчево, а пото ќе биде даден до Влада„ изјави Даниела Такева, портпарол на Општина Делчево.

Вчера Владата одлучи јавните државни претпријатија да ги санираат штетите на улиците и патиштата во општините Делчево и Крива Паланка. Според одлуката ќе бидат ангажирани Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патишта и Јавното претпријатие за државни патиштата. Во рок од шест месеци ќе треба да достават извештај за сработеното. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста