Коцарев: Сервилните и манипулативните да излезат од политиката, инаку нема просперитет

„Tерминот „Македонија“ беше забранет за употреба само два пати во историјата. Еднаш во 1903 година од султанот, втор пат, од поранешниот министер за правда Бојан Маричиќ кој забрани да се употребува „Македонија“ при регистрација на невладини здруженија“ – првиот човек на Македонската академија на науките и уметностите со остри критики до политичарите кои во суштина, според него се лукративни, самобендисани, манипултивни и сервилни.

Едната наредба е од Султанот во 1903 година. Вториот документ е решението на поранешниот министерот за правда, Бојан Маричиќ, забрана за користење на името во Здруженија. Каков апсурд. Што да се очекува од такви лукративни луѓе, сервилни, кои се нарекуваат себе си политичари – прашува академик Коцарев.

Македонија стана земја без надеж и соништа, а животот стана неподнослив. За ова според Коцарев се одговорни носителите на високи функции кои никогаш не научија што значи терминот „суверенитет“, па за различни внатрешни прашања со години одлучуваат надворешни фактори. Така Македонија е доведена во потчинета положба и секогаш зависи од другата страна. 

Македонските таканаречени политичари не научија што значи поимот „суверенитет“. Поимот го вклучува ексклузивното право на државата да ги регулира своите внатрешни работи, меѓу кои јазикот, националноста, идентитетот. За Македонија е погубно тоа што за жал, одредени лица како носители на разни општествени функции, поради нивните лични партиски клиентелистички интереси, регулирањето на македонските прашања им го отстапија на надворешните фактори, а пред се на Грција и Бугарија – додава Коцарев.

Безреспективната политика на грст недостоинствени луѓе се засили по потпишувањето на договорите со Грција и Бугарија.. Македонија според Коцарев, уште пред да се случи ова требаше да побара покајание од овие земји, земајќи ги предвид историските факти дека врз македонскиот народ се вршени невидени репресии, национална асимилација, етничко чистење, преселби на население.

Тој и забележа на власта и за овогодинешната прослава по повод 31 година независност дека мотото „Обединети во слободата“ воопшто не го карактеризира македонското општество во овие моменти. Денот на независноста, спроед Коцарев,  требаше да се прослави под мотото „разединети во потчинетоста“.

Адријана Алексиеска

Advertisements