НАЈНОВИ ВЕСТИ

Котлар за резолуцијата која ја најави СДСМ: Тоа е доказ дека не ја познаваат македонската историја и колективна меморија

Чист популизам и непознавање на историјата – вака професорката Наташа Котлар Трајкова ја коментира резолуцијата која ја најавува владејачката СДСМ. Професоркта од Институтот за национална историја вели дека Македонија ваков документ има веќе 79 години.

-Фактички тоа значи две работи, колку не ја знаат македонската историја и македонската колективна меморија. Друго тоа значи и дека се заплеткаа во потпишувањето на договорот со Бугарија, односно шест од 2017-та година. Фактички тоа значи дека и тие не знаат како да се справат со формулацијата заедничка историја. Ако толку многу сакале да носат резолуција, тогаш требало да донесат резолуција како да се поништи таа несреќна формулација заедничка историја и членот осум со ставот еден и два, бидејќи Илинденското востание има големо значење за македонскиот народ, кој се востана, иако беше неуспешно, но беше инспирација за следните македонските борбени генерации, кои што го овозможија создавањето на антифашистичкото народно Собрание во Прохор Пчински на втори август 1944-тата година. И меѓу повеќето одлуки ја донесоа и одлуката која што е државнотворна за прогласување на Илинден за национален македонски празник.