Костовски до Петровска – Бидејќи Желино тактизира за споменик за бранителитем изградете споменик во

Недоличните спомен обележја на македонските хекои кои ги положија животите за татковината во 2001та, кренаа бура лавина во јавноста, но и кај надлежните. Првиот човек на Општина Бутел, Дарко Костовски е изреволтиран од изјавата на министерката за одбрана Славјанка Петровска која пред бетонската банкина поставена за загинатите бранители кај Карпалак, најави изградба на достоинствен споменик со дозвола од Општина Желино. На одбележувањето на 22 годишнината од загинувањето на македонските бранители кај месноста Љуботенски Бачила, градоначалникот Костовски ја повика министерката да не чека дозвола од Желино, туку да изгради споменик во Љуботен со дозвола од Општина Бутел. 

„И бидејќи министерката за одбрана Славјанка Петровска јавно посочи дека сеуште чека одобрение од Општина Желино за изградба на споменик за хероите од Карпалак, Општина Бутел и јас како нејзин градоначалник сме подготвени да одстапиме веднаш простор и локација, а министерството и владата да инвестираат во градба на достојно спомен обележје на видно место во општината за паднатите херои од Љуботенски бачила“, вели Костовски.

Градоначалникот на Желино,пак. Блерим Сејдиу изјавата на министерката ја оценува како собирање на политички поени и театар пред јавноста. Тој во изјава за Алфа вели, општината не е надлежна, туку агенцијата за државни патишта.

„Го добив барањето од министерката, но тоа не оди така. Местото се наоѓа на автопат, па треба да се бара дозвола од Агенцијата за државни патишта. Друго не е донесен нов урбанизстички план, а ниту е изгласано на совет. Не можеме да го занемариме Законот за градба и сите законски прописи само затоа што министерката сака да собира политички поени пред јавноста“, вели градоначалникот Сејдиу.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во разговор со Алфа вели дека уште денес ќе поднесе барање до Општина Бутел на кое се надева дека ќе одговарат позитивно и веднаш ќе се започне процедурата.

На одбележувањето на 22 годишнината од трагедијата кај Љуботенски бачила цвеќе положија делегации од Кабинетот на претседателот Пендаровски, Кабинетот на Владата, Министерството за одбрана, Општина Бутел, општински комитет на ВМРО ДПМНЕ и семејствата на загинатите резервисти.

И по повеќе од две децении македонските херои кои ја бранеа татковината немаат достоинствени спомен обележја туку плочи. За борците на ОНА, пак, никна 20 метарски споменик среде село Слупчане за кој од општинската каса на Липково се одвоија 200 илајди евра.

Паула Костадиноска

Advertisements