Костадинов: Пет дена дебата за уставните амандмани е доволна

Како се приближуваме и одиме напред кон интеграција во ЕУ и НАТО растат инвестициите, вели Костадин Костадинов од СДСМ во емисијата „Отворено на Алфа“, кој смета дека Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, го блокира процесот на интеграции.

-Прашањето на спорот со Грција е најдискутирана тема долги години, и сметам дека пет дена дебата е доволна. Имаше лидерски средби. Заврши времето кога имато се договараше по телефон. Сметам дека целиот процес се води на транспарентен начин. Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, треба да каже зошто го блокира процесот на интеграции, вели Костадинов.

– 85% од граѓаните се за интеграцијата во ЕУ и НАТО. Да се издигнеме над партиските интереси, и заедно во Собранието да овозможиме процес на интеграции. Секоја влада го преговарала името, оваа влада понуди решенија, ако има алтернатива од другата страна, јас би ја прифатил, но нема. Ова е доброто на сите граѓани, вели Костадинов.

АСНОМ останува и се зајакнува, додава, тој, додавајќи дека делови од него се иредентизам за Грците.

-Подобар договор од овој со Грција, не може да има. Нема друга алтернатива. Ние сме Македонци, и говориме македонски јазик, но ќе стои од Северна Македонија наместо ФИРОМ, изјави Костадинов.