Костадинов: Граѓаните ќе одберат вистински претседател кој достојно ќе ја претставува државата

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов одржа прес-конференција на која соопшти дека Гордана Силјановска била иста како Христијан Мицкоски и Ѓорге Иванов. Според портпаролот на СДСМ „таа е лицемерна, не е искрена кон граѓаните.“

За Костадинов е спорно што на официјални документи кои го содржат ново име, променето од владата на СДСМ, се потпишуваат и луѓе кои се противат на промената на името.

„Ова е официјален документ од Државната изборна комисија на кој јасно се гледа, дека Силјановска се потпишала на кандидатура за претседател на Република Северна Македонија. Толку од лажниот патриотизам на Силјановска.“ вели Костадинов.

Тој додава и дека граѓаните немало да дозволат лицемери и нов партиски послушник кој не бил искрен со нив.

„Граѓаните ќе одберат вистински претседател кој достојно ќе ја претставува државата. Граѓаните ќе ги изберат Стево, претседател на сите граѓани кој ќе ја води државата кон напредок, развој и интеграција во ЕУ и НАТО“, изјави портпаролот на СДСМ.