Косовското Собрание ќе се самораспушти на 22 август

Претседателството на Собранието на Косово денеска одлучи седницата за самораспуштање на законодавниот дом да се одржи на 22 август, по што ќе се организираат предвремените парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Приштина.

Шефот на пратеничката група на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти во обраќањето пред новинарите по седницата изјави дека оваа одлука ја поддржале сите пратенички групи, како од власта, така и од опозицијата.

– Се согласивме сите заедно дека земјата треба да оди на добро подготвени избори, сите институции да ги преземат своите задачи. Сите се согласивме на 22 август во 10 часот да се распушти Собранието, а потоа да се следат сите уставни процедури за одржување на изборите. Исто така се согласивме пред распуштањето да го усвоиме договор со Европската унија за ИПА фондовите, изјави Хоти.