Косово: Три лица обвинети за трговија со човечки органи и клетки

Косовската полиција соопшти дека упасила три лица осомничени за трговија со човечки органи и клетки. Се работи за двајца странски и еден косовски државјанин, а акцијата се одвивала во селото Чаглавица, во близина на косовскиот главен град, Приштина.

Полициската единица и здравствениот инспекторат извршија контрола во приватна болница и запленија копии од лекарски досиеа и друга документација како доказен материјал.
По налог на надлежен обвинител, трите лица се однесени во притвор.