Корупцијата и недовербата во судството рака под рака: Македонија во проблем и со двете

Македонија има сериозен проблем со корупцијата, ама за ефикасно решение, мора да се обезбеди и доверба во правосудството. Експертската јавност предупредува дека транспаретноста на судските органи мора да се крене на повисоко ниво, што е клучен предуслов за граѓаните да го променат својот став кон правосудниот систем. Без ова, тешко дека може да се надеваме на ефикасна битка против корупцијата:

Јас мислам дека е многу битно да се развива транспаретноста на судството. Да се објави судската практика да бдие достапна за сите, од сите судови во земјата. И тогаш јавноста и стручната фела ќе може да ги коментира и критикува и.т.н. Кога пресудите се помеѓу две страни, сешто може да се случи, и тоа е извор на потенцијална корупција вели Александар Маршавелски – универзитетски професор во Загреб.

Дека корупцијата е проблем број еден со кој се соочува Македонија  алармираше и американската амбасадорка во земјава, Кејт Мери Брнз. Од друга страна, судиите признаваат дека довербата  е на многу ниско ниво и за промена на перцепцијата претстои многу, многу работа.

Јас никогаш не спорам, во односно на анализите, дали се веродостојни или не. Но, секогаш нагсласувам дека судиите треба да се раководат од законот, да донесат мериторни и правилни одлуки, но секогаш, не само во една ситуација, бидејќи само една лоша одлука може  да го изруши целиот рејтинг кои си го стакнал изминатите години. Сметам дека е сплет на повеќе околности, почнувајќи од кредибилните судења, па се до перцепцијата и многу, многу други фактори кои ја прават сликата на довербата во судството. Ние работиме напорно, да се доближиме до граѓаните преку медиумите, воспоставивме судско медииумски совет но очигледно треба многу,многу работа вели Џемали Саити – судија во Врховниот суд.

Судскиот совет најави низа реформи со кои ќе ја зголемува довербата на граѓаните во правосудниот систем. Но, останува отворено прашањето колку ќе успеат во тоа, со оглед дека последната анкета на Еуротинк покажа дека довербата на македонското правосудство е падната на само 8%.

Викторија Миткова

Advertisements

Поврзани вести