Корекција на луксузната листа – владата се пишмани по бројните реакции

Корекција на луксузната листа – владата се пишмани по бројните реакции

Лутеницата, цвеклото, црвениот бибер  и урдата сепак не биле луксуз и не се штетни по здравјето на луѓето . По бурните реакции од граѓаните ,  Владата ја ревидираше листата на таканаречени луксузни производи и одлучи сите основни прехранбени произоди кои се со „ гарантирана цена “, а се најдоа и на луксузната листа да се со  стапка  5 отсто ДДВ.  

  • Со оваа измена, урдата, замрзнатото тесто, црвениот бибер и црвениот пипер, бебешките каши, адаптирано млеко за доенчиња, додатоци за исхрана за опаднат имунитет, хербалните чаеви, наполитанките и вафлите, растителниот кашкавал, останати одредени видови кашкавали, лутеница и конзервирано цвекло и феферони, се производи коишто ќе се оданочуваат со повластена стапка на ДДВ од 5%. Односно Примената на најниската повлатена стапка на ДДВ во земјава се однесува на повеќе од 1650 прехранбени производи, а дополнително повластена стапка имаат и други околу 950  прехранбени производи“ велат од Финансии. 

Владата повисокиот данок  го правда со тоа што се грижеле за здравјето на граѓаните. Дури и премиерот и вицепремиерот кажаа дека чипсот и сладоледот не се здрави, па затоа требало да се на луксузната листа . Иако листата беше енигма додека во Собранието се дискутираше за даночната реформа од Министерството за финансии тврдат дека целиот процес за повисокото ДДВ бил транспарентен и се консултирале со бизнис заедницата.   Додека траеше дискусијата јавноста единствено знаеше дека ќе поскапат производи кои не се за секојдневна употреба како кавијарот, а од  минатиот петок граѓаните се соочија со дополнителен шок .

Во меѓувреме инфлацијата се уште не е стабилизирана  . Во обид да се заузда во изминатите две години неретко се играше топло – ладно со цените и маржите , неколку пати беа замрзнати па одмрзнати .  Една недела откако  25 категории на производи добија  „ загарантирана цена “ , се покачи ДДВ –то на 250 категории па настана вистински хаос и кај трговците и кај потрошувачите оти исти производи се најдоа на двете листи.

Кристина Алексиеска

https://youtu.be/gD2R-iJucNg
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста