Кон стотиот ден од инвазијата во Украина: Соборен украински борбен авион во Миколаев

Русија собори украински борбен авион во регион Миколаев, бомбардирале радарска станица и две складишта за муниција во источна Украина. Земјата се упатува кон 100-тиот ден од инвазијата на Украина, откако се откажа од нападот врз главниот град Киев сега притиска на истокот и југот од земјата.  Руското министерство за одбрана соопшти дека руските војници пронашле возило со тела на 152 борци во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол. Портпаролот на Министерството за одбрана го опиша како провокација, за да се обвини руската страна.

„За време на инспекција на подземните објекти на фабриката „Азовстал“ во Мариупол, каде што се криеле предадените нацисти од украинската формација „Азов“, руските војници пронајдоа изолирано возило. Потсетувам дека пред да се предаде, раководството на „Азов“ јавно апелираше до Зеленски да ги однесе телата на загинатите. За да можат нивните семејства да ги закопаат на територијата што ја контролира Киев. Сепак, немаше барања од Киев да ги примат телата на загинатите од фабриката „Азовстал“ изјави Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.


Од Украина обвинуваат дека руските војници го гранатирале Харков, биле повредени неколку луѓе и запалени куќи. Украинскиот претседател изјави дека Русија акумулирала максимална борбена моќ на армијата во Донбас. Рече дека ситуацијата останува исклучително тешка.


„Окупаторите во регионот Луганск ја прекинаа евакуацијата од борбената зона со гранатирање на возилото што возеше за да ги собере локалните жители. Ситуацијата во Донбас останува исклучително тешка. Руската армија се обидува да собере огромни сили за да изврши поголем притисок врз нашите бранители“ – изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина

Во меѓувреме продолжува и евакуацијата на цивили. Под координација на украинскиот Црвен крст, колона автобуси донесе претежно стари луѓе, жени и деца во градот Чухуив, 40 километри југоисточно од  Харков, вториот град во Украина, кој е зафатен од битки.

Бојана Златкова