Кон крајот на неделата поројни врнежи, температурата без поголеми промени

Променливо облачно време со благо опаѓање на дневните температури и повремени врнежи дожд, најавува УХМР за наредните денови.
Кон крајот на оваа и почетокот на идната недела, како што соопшти, локално ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува и умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Од четврток до недела најниските утрински температури ќе се спуштат до еден степен, а максималните ќе достигнат 22.