Кончено ред за бучавата во Центар, Општината со парични казни за локалите заради гласна музика

По бројните апели и реакции од жителите во Центар, Општината спроведе засилени контроли и спроведе парични казни за газдите на ноќните локали за пуштање на гласна музика. Ноќните клубови „Мош“ и „Интермецо“ добија казна од 800.000 денари, а со 360.000 денари се казнети локалите „Мечос„ и „Локал 45“. 

Ваквите казни се изречени откако и покрај спроведените инспекциски постапки, овие локали и понатаму не преземале мерки за намалување на бучавата.При засилените инспекциски контроли на Општината во периодот од месец мај до септември, инспекторите констатирале дека измерените вредности во сите локали ги надминуваат дозволените гранични вредности, согласно „Правилникот за гранични вредности на нивото на бучава во животна средина“.

Ваквиот потег на Општината позитивно го коментираат жителите на Центар кои велат дека со засилените контроли и инспекции конечно ќе се воведе ред и ќе можат да имаат мир во ноќните часови. „За сите локали се започнати инспекциски постапки, согласно Законот за бучава во животна средина, при што правните лица се задолжени со Решенија да преземат мерки во одреден рок, за намалување на бучавата.

При контролните мерења, повторно се констатирани надминувања на граничните вредности, за што локалите: „Мош“, „Мечос“, „Локал 45“ и „Интермецо“ се казнети со платен налог за наплата на глоба. Доколку правните лица не ја платат глобата, се поведува постапка во Основен суд. “, се вели во соопштението од Општина Центар.

Advertisements

Поврзани вести