Концептот матичен лекар рак рана на веќе канцерогеното здравство, докторите нудат решение ама има ли кој да ги слушне?

Концептот на матичен лекар е убиец на јавното здравство во Македонија, овој потполно недефиниран систем за наши услови, се покажа како катастрофално решение, посебно во внатрешноста на земјава-вели доктор Орхан Зекир, единствениот педијатар во охридската општа болница. Како може вели тој безмалку 2 децении да постои систем од кој никој не е задоволен нити пациентите, нити лекарите. Тоа е така, бидејќи кај нас со здравството се занимаваат луѓе на кои што прво вработување им е во раководни структури на здравствениот систем.

Не само што е убиец на јавното здравство концептот на матичен лекар, тој е бомбаш самоубиец затоа што за некоја година повеќе и матичните ќе ги нема, па тогаш ќе настане невиден хаос.Како може да функционира таков систем 15 години веќе и дали некој се прашал  зошто овој систем вака фунционира, а јаде огромни пари, огромни пари од фондот, изјави д-р Орхан Зекир – педијатар

Концептот на матичен лекар беше одлично замислен, здравтвените домови некогаш функционираа беспрекорно, но сега поразително е тоа што лекарите размислуваат да заминат далеку од Македонија и по цена да ја жртвуваат професијата.

Петстотини ординации се под раб на егистенција и тука министерството мора да интервенира. Бидејќи контактирам со сите тие колеги дел рамислуваат да одат шофери во Англија,дел размилсуваат од малите места да дојдат сите во Скопје.Министерството и Фондот за здравство треба да размислат дали треба сите ние во Скопје да дојдеме за да земаме добри плати.Во моментов сме останати со 13 матични педијатри што е катастрофална состојба за развојот на дончињата, изјави д-р Лилија Дервишова Чолакова-претседател на здружение на приватни лекари

Единствениот педијатар во охридската болница,каде  одделотза детски болести кој е затворен цели 7 месеци,цени дека единствен спас за македонскиот здравствен систем е здравствените домови повторно да се спојат со општите болници и да фунционираат под една капа. Доктор Дервишова апелира да се најде комбиниран систем кој ќе задоволува потребите на пациентите.Напоменува дека докторите од огромен беој ординации се пред пензија и ќе се затворат, долку министерството за здравство не прогледа.  

Новинар Росица Голабоска

Advertisements