Контра најавите од минатото денешната реалност е Северна и двојазична Македонија

И цело време го донеле Зоран Заев да го продаде името, ајде мајката, велеше Заев во минатото.

Република Северна и двојазична Македонија, денешната реалност на нашата држава, а контра се она што во минатото го велеше СДСМ. Петре Шилегов, сега градоначалник на Скопје, од собраниската говорница најави дека промена на уставот и двојазичност во Македонија нема да има. На иста бранова должина со него, само тој на социјалните мрежи беше и пратеникот Павле Богоевски.

-Промена на уставниот карактер нема на Република Македонија како парламентарна демократија и унитарна држава нема, примена на двојазичност на целокупната територија на државата нема, велеше Петре Шилегов во Собранието.

-Нема присилно учење јазик, казни за незнаење албански. Нема двојазични банкноти, двојазични униформи. Нема промена на Устав, пишуваше Павле Богоевски на Фејсбук.

Истиот став го имаше и премиерот Заев, за него двојазичноста беше невидена глупост, а прашуваше до каде забегале тие кои за тоа предупредуваа.

-Кој бе тоа ќе спроведе двојазичност глупости невидени до каде забегаа, се прашуваше Заев.

Премиерот на идната Република Северна Македонија во минатото говореше дека не постои роден човек кој може да побара промена Уставот, поради промена на уставното име.

-Додека дишам додека го дишам овој македонски воздух и додека ме држи памет дека мојот дедо, мојот татко, сите мои предци, јас, мојот син и ќерка сме Македонци, родени овде во Македонија, тоа не може да се случи. И не само тоа, верувам дека не постои роден човек во Македонија, да излезе пред Парламент и да бара промена на Устав, заради промена на уставното име, уверуваше Зоран Заев во минатото.

-Пресериозно е ова прашање и навистина не боли нашата национална посебност. Никој не може во Македонија и верувам дека нема родено таков човек, кој што би дозволив промена на устав и промена на нашиот идентитет, исто така уверуваше Заев во минатото.

А и тврдеше дека нема да дозволи негова промена…

-А што се однесува до Уставот, гарантирам одличен Устав имаме, европски Устав. Уставот нема да дозволам никој да го смени, Уставот ќе се почитува, Уставот ќе се спроведува. Нема менување на Уставот. Бидете спокојни, порачуваше Заев до граѓаните.

Како и дека тоа ќе го направел заедно со граѓаните…

-Ја испраќаме пораката до цела Република Македонија дека граѓаните заедно сплотено ќе го сочуваат Уставот, кој што денеска е толку актуелен  во обидот на власта да го врати помилувањето за изборните нерегуларности.

Инаку, во петокот во Собранието со 81 глас „ЗА“ беше ратификуван договорот со Грција и променат на Уставот и уставното име на државата, а од вчера вечер со објавувањето во Службен весник, Албанскиот е втор официјален јазик во Македонија. Иако не беше така најавувано од премиерот Заев и неговите соработници, денешната реалност е како што вели Заев „Да живее Република Северна Македонија“.

Матеја Петровски