Консензуален кандидат или секој со свој предлог ? – СДСМ и ДУИ калкулираат како ќе настапат на претседателските избори
Битка на крилата во СДСМ за претседателските избори. Во јавноста се вратат имињата на Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска, Миле Зечевиќ, Стево Пендаровски. Но решението најверојатно ќе го каже Ахмети кој треба да пресече дали и на овие избори ќе настапат заедно со коалициониот партнер или ќе излезат со свој предлог.
Алфа побара одговор од итнегративиците каков е нивниот план за изборите дали планираат да одат самостојно или пак со заеднички кандидат со СДСМ, но од таму не побивме никаква информација.
Не добивме одговори ниту пак од паријата на Ковачевски, а прашавме дали се разгледуваат имиња, колкава бројка на потенцијални кандидати и на каков начин ќе се одбере официјалниот кандидат, но иБихаќка , не добивме никаков став.
Во недостиг на официјални информации од политичките актери се погласни се шпекулациите дека заради слабиот рејтинг покажан на анкетитите можеби Ковчаевски спас од катастрофален пораз ќе бара во неговиот коалиционен партнер Ахмети, дел од гласините се дека можеби и заради барањето на идеалното решение кое би го намалило поразот на СДСМ, од партијата на Ковачевски тактизираат и со датумот на кои би се одржале изборите.
Дел од познавачите велат дека тоа што СДСМ не дава никакви информации ниту за тоа дали и колку имиња се разгледуваат покажува несигурност за нивниот настап на изборите. Според новинарот Дарко Јаневски, СДСМ треба да направи чудо во идниот период за да се обиде со нивниот канидадат да спаси некој глас плус на изборите.
Тешко е да се предпостави дека ќе инмаат кандидат кој што ќе освои поголеми симпатии кај народот, освен доколку не направат пресврт во своето однесување па барем малку од малку да го санираат впечатокот за нивното однесување досега, вели Јаневски за Алфа.
Сличен став имаше и универзитетскиот професор Саво Климовски кој вели дека СДСМ не располага со адекватен кадар кој би бил потенцијален претседател на државата, бидејќи поголемиот број од квалитетните луѓе се на маргините на партијата.
Инаку токму за претседателските избори изјава имаше и актуелниот претседател на државата Пендаровски кој не исклучи повторна кандидатура, рече дека е подготвен за втор мандат доколку, граѓните и партиите од власта сметаат дека бил успешен во првиот мандат.
Покрај името на Пендаровски како можен кандидат на СДСМ, се споменува и името на министерот за внатрешни работи Спасовски кој се повеќе е присутен во јавноста и за разлика од порано сега се повеќе дава и политички изјави, а не само оние кои се поврзани со работата на МВР, тој не ја демантираше изјавата за негова кандидатура.
Од ДУИ засега нема никакви информации во врска со претседателските избори.
За разлика од интегративците, здружениот албански блок, односно БЕСА, партиајта на Меџити и Алтернатива најавија дека заеднички ќе настапат на претседателските избори.
ВМРО-ДПМНЕ веќе анкетираат потенцијални кандидати и се очекува по нова година на конвенција, делегатите на партијата да го изберат кандидатот.
Од помалите партии досега нема никаква информација дали би излегле со свои кандидати или пак поддршката ќе ја дадат на некои од поголемите партии.