Комисијата за спречување и заштита од дискриминација може да го тужи МОН заради недостигот на учебници

Нема учебници за трето и шесто одделение, како ни учебник по македонски за заедниците. Ако Комисијата одлучи да го тужи МОН, тоа ќе биде прв таков случај. За Комисијата за спречување и заштита од дискриминација недостасуваат учебници, а не задоволува објаснувањето дека учебникот е во фаза на подготовка или печатење. 

Две книги има, една нема. Ова е состојбата со учебниците по почетокот на школската година. Од вкупо 126 учебници за основно образование, до сега се обезбедени само 83, а 43 никаде ги нема.

Само за прво и второ одделение нема проблеми и се обезбедени сите книги, а за трето и шесто одделение нема ниту еден учебник за задолжителните предмети. За другите фалат по еден или два, па и повеќе уќебници.

  • Учениците од трето оддление ја започнуваат учебната година без ниту еден учебник по сите задолжителни предмети. Допрва следи печатење, преведување и дистрибуција. Можеме да претпоставиме за каков временски период ќе се случи, а МОН ова го нарекува во завршна фаза, вели Бендевска. 
  • Учениците кои ја следат наставата на абански, српски, турски и босански јазик, од четврто, петто, шесто одделение нема да имаат учебник по македонски јазик, иако покрај мајчиниот јазик имаат обврска да го учат официјалниот јазик во Македонија, рече Бендевска и појасни дека МОН велат оти тоа е така затоа што авторите што се пријавиле биле несоодветни според нормативот за наставен кадар.

Од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација алармираат дека не држи објаснувањето дека учебниците се во фаза на подготовка или печатење, зашто до сега имало доволно време да го направат тоа. Велат, дека токму затоа можна е судска постапка, против Министерството за образование.

Од Комисијата велат дека дополнителен проблем е што дел од книгите се полни со грешки и погрешни информации.

  • Историја за 8 и 9 два учебници од различни издавачки куќи. МОН не нарачува дополнителен тираж заради Историската комисија – рече Бендевска, која не е уверена дека Историската комисија е таа која треба да „одлучува“ за достава на овие учебници. Вели дека не е јасно дали постоечките ќе важат за учениците, а поради уништување на дел од учебниците поради користење, некои ученици нема да ги добијат.

Од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација најавија конечна одлука за следната недела, а тоа ќе биде прв случај ако Комисијата се одлучи да покрене тужба.

Борис Грујоски

Advertisements