
Комисијата за заштита од дискриминација ќе го тужи Министерството за образование
Учениците кои посетуваат настава во задолжителното деветгодишно образование,немаат од каде да учат -од 123 потребни учебниците по секој предмет и на сите јазици на кои се изведува наставата, на први септември недостасуваа 46 учебници,што е една третина од вкупниот број учебници.Поради ова Комисијата за спречување и заштита од дискриминација деновиве ќе поднесе тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес против Министерството за образование и наука.
“Нивен интерес е да добиваат квалитетно образобание, а тоа значи учебник по секој наставен предмет во секое одделение и на секој јазик во кој се одвива наставата.Tужена ќе биде државата односно министерството за образование и наука”-вели Весна Бендевска, член на КСЗД
Иако комисијата во јуни годинава упати препорака до МОН да обезбеди учебници по сите наставни предмети и на сите наставни јазици најдоцна до 31 август и да достави писмен извештај,тоа не се случи. Врз основа на списокот со податоци што на нејзино барање бил доставен од МОН,на почетокот на учебната година,книги имаа само учениците во прво и второ одделение.
“Во случај кога не постои учебник како основно сретство за изведување на наставно образовен процес што е должна државата да го обезбеди,се наоѓа вo ситуација да не добива нема еднаков пристап до квалитетно образование во споредба со учениците кои го имаат учебниците”-вели Бендевска
Од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација посочуваат дека недостаток на учебници и бесплатен превоз на студентите и средношколците има и во приватни гимназии и факултети за разлика од оние што се школуваат во државните образовни институции.
Се работи за сензитивен спор во кој комисијата ќе треба да го докаже и да ги поднесе сите факти и свои наоди со кои располага,а висина на прекршокот ќе го утврдува понатака судот во граѓанска постапка.Одлуката е донесена поради повреда на правото на еднаков пристап до квалитетно образование на поголема група ученици од основното образование,појаснува Бендевска.
Росица Голабоска