Комеморација за ненадејно починатиот градоначалник на Охрид

Почина без да умре-така загубата на градоначалникот Јован Стојански ја чувствуваат неговите најблиски, пријатели, соработници,кои обидувајќи се да го задржат достоинството на мигот,со премногу емоции споделуваа сеќавања и спомени.Замина тивко и така беше испратен до неговото вечно почивалиште.Од градоначалникот Стојаноски се прости целиот државен врв предводен од Претседателот на Влата Зоран Заев,дипломати,претставници на политичкиот,општествениот и културниот живот.

-Остави траги и предизвикуваше почит кои секогаш ќе се паметат.Јован беше колега, пријател,и голем професионалец.Како градоначалник беше посветен на својата визија Охрид да биде вистинска европска културна и туристичка престолнина.

-Ми рече ајде да го менуваме светов. Ајде да го менуваме светов, како , тешко е .Рече, прво ние ќе се смениме самите, па ќе ги смениме тие околу нас,па ќе го смениме Охрид и Македонија и ќе го мениме светов.

Се’ ќе биде, само нас ќе не нема-така зборваше Јован,се присетуваат неговите соработници. Јован беше свој, веруваше дека резултатите од посветеноста еден ден ќе си го најдат патот до успехот. Имаше велат,визија и големи планови за Охрид.

-Советот и локалната самоуправа изгубија лидер, колега, го изгубија својот едноставен и голем Јован.-

Само со голем труд и посветеност, желба каква што имаше татко ми, само така може да се успее во животот. Луѓе не можам да објаснам колку позитивна енергија имаше во него,верувајте дека тој живееше за Охрид-во грч,низ солзи зборуваше и 24 годишниот Димитар Стојаноски.

-Од него сфатив дека само со голема поддршка и со слога можеме да успееме, поинаку не може.Не тераше да градиме вредности на љубов,да се почитуваме меѓу себе без разлика кои сме и што сме.

Од име на семејството Стојаноски,братот на прерано починатиот градоначалник замоли и побара кога ќе биде изграден новит кеј да го носи неговото име, оти како што рече,во последниот период најмногу бил опседнат со реализација на овој проект.

Росица Голабоска