Командант Малишева „им честиташе“ на тепачите и упати нови закани

Мухамед Красниќи, алијас Командант Малишева, обвинет од кумановската група, го избришал постот од Фејсбук дека секој политичар кој ќе им падне во раце ќе биде истепан од страна на било кој член од групата од Диво Насеље.

Претходно, тој упати честитки до напаѓачите на поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, кои беа притворени како осомничени за собраниските настани.

  • Секој политичар кој е вмешан во оваа стапица и кој ќе ни падне во раце ќе биде скршен од ќотек од страна на било кој член од нашата група. браво за денес другари, покажавте кои сте. Спиро Ристовски беше боксуван од Лирим Красниќи, браво братучед. Миле Јанакиески беше боксуван од Есат Кафеџоли. Образот ми го обелевте денес. Ние нема да престанеме во оваа битка. Ниту еден Албанец не се освети за нас до денес и затоа ние сами ќе се осветуваме бидејќи сите ќе ни дојдат тука во затворот, порача Мухамед Красниќи.

Командант Малишева на Фејсбук има објавено фотографија од ќелијата во притворот како видео повик.

Освен притвореникот од Диво Насеље, нападот врз Ристовски го поздрави и Бошко Јосимовски, викан Црвениот кој беше обвинет за насилните протести пред Владата на неколку дена пред терористичкиот напад во Куманово.

  • Спиро Ристовски како сте по дома? Ветив поздрав ова е само почеток, напиша Црвениот на социјанлата мрежа.