Колку тежи Зоран Заев? Фокус анализа за бизнис империјата на семејството на премиерот

Колку навистина тежат Заеви и нивните партнери? Првиот човек на Владата,Зоран Заев кој пред неколку години се декларираше како човек припаѓа на средната класа според истражувањата на Фокус, тој и неговите партнери поседуваат околу 30 компании во Струмица. Компаниите на бизнис империјата на семејството на премиерот , во главно се занимаваат со градежништво,транспорт, трговија…,пишува неделникот Фокус.
Врз основа на официјалните податоци , произлегува дека членови на семејството на Заев и лицата што може да се сретнат како нивни партнери,заеднички или самостојно поседуваат триесетина компании, формирани од 1994 година до денес, пишува Фокус.
Во бизнис мрежата на Заеви и партнерите влегуваат Toтал инженеринг, Toтал Електрик , Eленица, Пеон, Герас Цунев, Пелагонија Струмица, Мамас, Тргопродукт, Сара инженеринг, Сара Јавор Инженеринг, Јавор транс,Јавор Шпед, Јавор асфалт, Сим инженеринг, Делукс инженеринг, Дас инженеринг, Дравас инженеринг, Омни градба, Мам Свети Николе, Фарма Медика Канабис, Зоки Петрол, Конта план, пишува Фокус.
Иако Заев, пред неколку години велеше дека неговиот имотен лист тежи околку 70 000 евра , сепак тој како опозициски лидер јавно призна дека финансирањето на СДСМ како опозициска партија главно се потпира на фирмите на Заеви. Сепак неговото име малку по малку се отстрануваше од семејните фирми, така што во периодот кога стана премиер на средината 2017тата тој немаше никаков удел во ниту една фирма, пишува Фокус.
Иако името на Зоран Заев полека се брише од листата на сопственици на бизнис мрежата, сепак негови блиски роднини како и нивните формални деловни партнери, се сопственици,косопственици и акционери во над 20 компании со седиште во Струмица, главно формирани во 2009тата година, пишува Фокус.
Податоците од централниот регистар покажуваат дека Вице Заев, брат на Зоран Заев, е стопроцентен сопственик и управител на градежната компанија Тотал Инженеринг, фима која стана позната на јавноста по обвинувањата на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека камиони во сопственост на Тотал Инженеринг работат во рудниците за ископ на јаглен во РЕК Битола, ама под капа на друга компанија – СВ Инвест која според Мицкоски е ангажирана како подизведувач на АС ЕЛЕМ, пишува Фокус.
Инаку во делот од бизнис имепријата на Заев беше проектот за изградба на трговскиот центар Глобал, за кој тогашниот градоначалник, а сегашен премиер Заев заврши во притвор во 2008 година, но подоцна беше аболициран од страна на тогашниот претседател Бранко Црвенковски.